Училишниот дом „Мирко Гинова“ во Битола ја стартува новата училишна година со значајно реновиран објект. Обновена е целата одводна мрежа, извршено е комплетно реновирање на кујната, како и целосна санација на тоалетите во новото крило благодарение и на донацијата од битолската градежната компанија СТЕНТОН ГРАДБА.
Од „Мирка Гинова“ се видливо задоволни од новите услови за учениците, а кои се во согласност со современите стандарди за безбедност, хигиена и функционалност. Подобрените простории овозможуваат квалитетен престој, но и поголема мотивација за учење и личен развој. На долгата листа на добротвори објавена во пост на фејсбук профилот на „Мирка Гинова“ стои дека „СТЕНТОН ГРАДБА се вистински пример за одговорност кон заедницата“, која докажува дека со срце и посветеност може да се гради светла иднина за младите.
„Искрено и од срце им благодариме затоа што се фирма која вложува во иднината на младите. Нивната финансиска поддршка и посветена помош во обновувањето на одводната мрежа, реновирањето на кујната и комплетно реновирање на тоалетите во новото крило беа клучни за трансформацијата на нашиот ученички дом. Тие не вложија само финансиски средства, туку внесоа и љубов и грижа во секој агол од просторот. Со нивната хуманост ни овозможија создавање простор полн со надеж и топлина, каде секој ученик ќе се чувствува сакан и безбеден“, стои во објавата на „Мирка Гинова“.
СТЕНТОН ГРАДБА, со седиште во Битола, е водечка градежна компанија во регионот која повеќе од 22 години го обезбедува пазарот со висококвалитетни производи и услуги. Компанијата, која вработува повеќе од 100 лица, е еден од основачите на Градежната комора во Македонија.