УТРО.мк

Избегнат инцидент по кавга на граѓани со вработените во жичницата Водно

Избегнат инцидент по кавга на граѓани со вработените во жичницата Водно
Vero

Денеска попладне на Средно Водно се случи конфузија и расправија помеѓу посетители и вработени на жичницата на Водно. Причината беше тоа што жичницата направи пауза во работа во недела, токму кога имаше многу луѓе и гужва пред кабините.


Иако на таблата пишува дека паузите се прават само во работни денови, вработените рекле дека за нив и недела е работен ден, па затоа правеле пауза кога имало помалку луѓе. Ова налутило дел од посетителите – особено оние со мали деца – кои се пожалиле дека немало претходно објавено дека ќе има пауза, што направило чекање и незадоволство.


Вработените додале дека инструкции за паузата ги добиваат од колегите на врвот на Водно.
Дополнително, повторно беа уништени транспортери за миленици, што според ЈСП се резултат на несовесно однесување на граѓани кои влегуваат поголеми кучиња во мали транспортери.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран