УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Спортскиот летен камп во Охрид носи незаборавни спомени и нови пријателства

Ѓорѓиевски: Спортскиот летен камп во Охрид носи незаборавни спомени и нови пријателства
Vero

Во Охрид започна спортскиот летен камп 2025, наменет за млади љубители на спортот и активниот живот. Кампот ќе трае седум дена и нуди богата програма исполнета со спортски активности, дружење и забава.

„Ова е седумдневно другарување од кое ќе останат незаборавни спомени, нови пријателства кои траат вечно и забава која не се заборава,“ истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Настанот е дел од активностите што имаат за цел да го поттикнат спортскиот дух и здравите навики кај младите генерации.

Видеото може да го погледнете тука

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран