УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Скопје ќе го вратиме како град на култура, дух и современ урбан идентитет

Ѓорѓиевски: Скопје ќе го вратиме како град на култура, дух и современ урбан идентитет
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во рамки на својата програма го претстави столбот „Скопје – град на слоеви, град на култура“, посветен на обновата и ревитализацијата на културното наследство на главниот град.

„Скопје е град со историја, карактер и душа. Град што многупати бил погоден, но секогаш се издигнувал и продолжувал напред. Денес, кога зборуваме за иднината на Скопје, не зборуваме само за улици и инфраструктура, туку за тоа каков град сакаме да изградиме – град што се развива, но не ја губи својата душа,“ изјави Ѓорѓиевски.

Програмата опфаќа серија капитални културни проекти:

Аквадуктот ќе се претвори во современ културен парк со сцени за концерти, фестивали и уредени зелени површини. Таму ќе се изгради и најдолгиот ѕид за мурали во Југоисточна Европа.

Археолошкиот локалитет Скупи ќе биде целосно уреден и отворен за јавноста, со културни настани и уметнички резиденции.

Старата скопска чаршија ќе добие унифициран изглед и ќе се претвори во жив културен кварт, каде историските објекти ќе станат дел од секојдневниот урбан живот.

Скопското Кале ќе се развие како културен центар со фестивали, концерти, театарски претстави и изложби, при што ќе се зачува неговата историска вредност.

Ѓорѓиевски најави и целосна реконструкција на киното „Милениум“, унапредување на работата на МКЦ, Музејот на град Скопје и сите културни институции под надлежност на Градот.

„Скопје ќе стане град на фестивали и уметност – град што живее преку културата во текот на целата година,“ порача тој, најавувајќи поддршка за „Skopje Jazz Festival“, „Skopje Calling“, „Пиволенд“, „Виноскоп“, „Баскерфест“, „Скопје танцува“ и други културни манифестации.

„Културата е инвестиција во иднината. А иднината на Скопје ја гледам како град што создава, инспирира и обединува,“ заклучи Ѓорѓиевски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран