УТРО.мк

Ѓорѓиевски се приклучи на маршот за подигање на свеста за ракот на дојка

Ѓорѓиевски се приклучи на маршот за подигање на свеста за ракот на дојка
Vero

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес учествуваше на марш организиран од Унијата на жени од Скопје, посветен на подигање на свеста за ракот на дојка.

Октомври, месецот на розовата лента, служи како потсетник за важноста на редовните прегледи и превенцијата, кои можат да спасат животи. Ѓорѓиевски истакна дека „розовиот октомври“ е симбол на борбата против најчестиот карцином кај жените и дека оваа борба ја водат мајките, сестрите, ќерките и пријателките, како и секоја жена – столбот на општеството.

„Редовната контрола е твојата сила“, порача Ѓорѓиевски, изразувајќи поддршка за сите кои се борат и победиле во оваа битка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран