УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Подземната сообраќајница под Лимак ќе биде првиот ваков проект во Скопје

Ѓорѓиевски: Подземната сообраќајница под Лимак ќе биде првиот ваков проект во Скопје
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше за плановите за подземната сообраќајница под хотелот Лимак.

Тој истакна дека проектот ќе се реализира во неговиот мандат и најави дека првата јавна набавка што ќе ја распише како градоначалник на Скопје ќе биде поврзана токму со оваа инфраструктура. „Ќе бидат отпочнати процесите за тендерска постапка за реализација на Лимак, кој опфаќа неколку фази – два кружни тека кон Кисела Вода и еден елипсоиден кружен тек кај Нова Македонија“, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека подземната сообраќајница веќе претставува сериозен предизвик и посебен проект за градот. „Ова ќе биде првата подземна сообраќајница во Скопје. Изграденото под Лимак е нешто несвојствено за нашата држава – 8 ленти, по три за двосмерен сообраќај на автомобили, две за автобуси и дополнителни тротоари“, нагласи Ѓорѓиевски.

Според него, останува уште завршното асфалтирање, по што Скопје ќе добие еден од најмодерните инфраструктурни решенија во земјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран