Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската унија не треба да се плаши од Русија, оценувајќи дека Европа е посилна во однос на капацитетите. „Вистинската закана е економската стагнација и губењето на конкурентноста“, порача Орбан.
На маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген, полскиот премиер Доналд Туск разговараше со група полски новинари, кога еден од нив го праша Орбан за главната закана за Европа. Орбан, смирено, одговори: „Вистинската закана? Економската стагнација и губењето на конкурентноста.“
„Не Русија?“, праша новинарот.
„Силни сме од Русија. Направете споредби и базирајте ги вашите мислења на факти. Имаме над 400 милиони луѓе, а Русија има околу 130 милиони. Погледнете го европскиот БДП – е многу поголем. Русија е мала. Сите заедно, 27 земји, трошат повеќе на војска отколку Русите. Зошто да се плашиме? Силни сме од нив“, нагласи Орбан.
Туск се надоврза: „Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи.“ Орбан додаде дека европските земји мора да се обединат и заедно да ги бранат своите интереси.
Пред неколку дена, Орбан изјави дека Русија „веќе ја добила“ војната против Украина, иако е воено и економски слаба, и додаде дека руските дронови ќе бидат соборени ако влезат во унгарскиот воздушен простор.