УТРО.мк

Ѓорѓиевски најавува 80 нови автобуси за Скопје на почетокот на наредната година

Ѓорѓиевски најавува 80 нови автобуси за Скопје на почетокот на наредната година
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше за плановите за подобрување на јавниот превоз во главниот град.

„Наш приоритет од старт е нормализирање на функционалноста на јавниот сообраќаен транспорт. Тоа значи редовни автобуси без доцнење. Со поддршка на Владата очекуваме на почетокот на наредната година да добиеме 80 нови автобуси“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека обновувањето на флота ќе продолжи и понатаму: „Нема да можеме да купиме 200 нови автобуси одеднаш, но системот ќе се обновува континуирано, со редовни набавки секоја година“.

Ѓорѓиевски додаде дека целта е создавање функционален и ефикасен систем во ЈСП кој ќе овозможи подобар јавен превоз за сите граѓани на Скопје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран