УТРО.мк

Ѓорѓиевски најави нов модерен Луна Парк и целосна обнова на Зоолошката градина во Скопје

Ѓорѓиевски најави нов модерен Луна Парк и целосна обнова на Зоолошката градина во Скопје
Vero

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави изградба на нов, модерен Луна Парк и целосна реконструкција на Зоолошката градина, како дел од неговата визија за враќање на радоста и современиот дух во главниот град.

„Скопје мора повторно да стане град во кој детството има свое место, своја радост и свој дом,“ изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека по долгогодишно одолговлекување и празни ветувања, конечно ќе започне изградбата на нов Луна Парк со европски стандарди за безбедност, ролеркостери, водени атракции и зони со виртуелна реалност.

Ѓорѓиевски нагласи дека паркот ќе биде достапен и за лицата со попреченост, со обезбеден систем за безбедност, видео надзор и служба за прва помош.

Паралелно, ќе се спроведе и целосна обнова на Зоолошката градина – со нови услови за животните, подобрени работни и посетителски стандарди, поставување топлински пумпи, нови кровови, центар за хипорехабилитација и дигитален систем за наплата преку Skopje City GO.

„Ова не се луксузни проекти, туку инвестиции во здравото детство, семејството и иднината на Скопје,“ порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека со овие проекти градот ќе стане поуреден, повесел и попривлечен за сите генерации.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран