
Две момчиња, едното на 20, а другото на 26 години, по традиционалното фрлање на светиот крст во реката Вардар по повод празникот Водици вчера на пладне, завршиле во болницата „8 Септември“ поради премрзнување,. Сепак, според информациите, нивната здравствена состојба е стабилна.
Оваа година, условите во реката беа особено предизвикувачки. Студената вода и високата воденост на Вардар отежнаа не само пливањето, туку и безбедното излегување на учесниците на кејот. Неколкумина се држеа за сигурносните јажиња поставени во реката, чекајќи ги спасувачките екипи да им помогнат да се извлечат.



























