УТРО.мк

Драма во Скопје: Две девојки го намамија во мотел, двајца мажи го пресретнале во темница – скопјанец остана и без девојки и без пари

Драма во Скопје: Две девојки го намамија во мотел, двајца мажи го пресретнале во темница – скопјанец остана и без девојки и без пари
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – две жени и двајца мажи – поради сомнение за кривично дело разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, четворицата делувале организирано и со употреба на физичка сила му одзеле околу 200.000 денари на едно лице.

Инцидентот се случил на 30 октомври, кога оштетениот заедно со една од осомничените жени отишол во мотел во Скопје. По извесно време, таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил, па осомничената ја повикала својата соучесничка. Двете жени потоа го убедиле дека ќе им биде „поубаво и поевтино“ доколку преминат во друг хотел.

Кога тргнале да излезат од собата, во темниот двор на мотелот ги пречекале двајцата мажи, кои биле во договор со двете жени. Според обвинението, тие се нафрлиле врз оштетениот и го нападнале со боксови, удирајќи го по главата и телото додека не паднал на земја. Од џебовите му ги земале парите, мобилниот телефон и личните документи, по што побегнале.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото. За една од жените, која по нападот избегала и сè уште не е пронајдена, притворот ќе се примени веднаш по нејзиното лишување од слобода.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран