УТРО.мк

Директорот на „Дрисла“ и повеќе работници на распит по сомнежи за подметнат пожар

Директорот на „Дрисла“ и повеќе работници на распит по сомнежи за подметнат пожар
Vero

Директорот на депонијата „Дрисла“, Самир Хусени, заедно со повеќе вработени биле повикани на распит во СВР Скопје, дознава „Плусинфо“ од свои извори.

Неофицијално, повиците се поврзани со сомнежи дека големиот пожар кој избувна пред неколку дена можеби бил намерно подметнат. Иако огнот беше ставен под контрола, тој неколку пати повторно се распламтуваше, оставајќи чад и непријатна миризба кои се чувствуваа во различни делови од Скопје и предизвикаа реакции на социјалните мрежи.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална потврда околу причините за распитите. Истрагата продолжува.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран