
Жителите од одредени делови на Гази Баба и Ѓорче Петров денеска ќе останат без струја, предупреди Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информација од „ЕВН Македонија“ АД.
Според известувањето, во периодот од 9 до 13 часот струја нема да имаат жителите на улиците Австралиска и Николај Островски во Ѓорче Петров, како и оние што живеат на улиците со број 3, 4 и 5 во Инџиково, Гази Баба.



























