
Во утринскиот извештај за временската состојба, Центарот за управување со кризи (ЦУК) предупреди дека неколку автобуски линии на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска нема да сообраќаат до своите крајни дестинации.
Автобусите кои се погодени се: линијата 11 од Рашче, 64 од Никиштани, 74 од Долно Количани, 80 од Маркова Сушица и 81 од Блаце, сите со крајна станица на Транспортниот центар. Причините за кратење на маршрутите не се наведени во официјалната информација на ЈСП.



























