
Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува со нормално функционирање и покрај снежните врнежи и ниските температури. Летовите се реализираат безбедно, благодарение на тимовите за чистење на пистите и маневарските површини, како и екипите за одмрзнување на авионите.



























