УТРО.мк

Без вода делови од Центар и Бутел

Без вода делови од Центар и Бутел
Vero

РЦУК Скопје информира дека денес во главниот град ќе има две одделни интервенции на водоводната мрежа, кои ќе предизвикаат привремен прекин на водоснабдувањето во повеќе делови од Скопје.

Во општина Центар, поради дефект на водоводна цевка со пречник Ф-200 мм на улицата „Димитар Чуповски“ бр. 27, во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“, без вода ќе останат жителите и објектите на улиците „Димитрие Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Прекинот започнува во 8:30 часот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по целосното санирање на дефектот, соопштуваат надлежните служби.

Истовремено, во општина Бутел се изведуваат работи на нов водоводен приклучок со пречник Ф-250 мм на улицата „Босна и Херцеговина“ 1–55. Поради оваа интервенција, без вода ќе бидат корисниците од улицата „Македонско-Косовска Бригада“, како и Касарната „Илинден“, Трговскиот центар „Поинт“, објектот „Вива Фреш“, ресторанот „Аванти“, како и повеќе индустриски капацитети во околината. И овде прекинот започнува во 8:30 часот и ќе трае до завршување на градежните активности.

Од надлежните апелираат на трпение и разбирање, нагласувајќи дека работите се неопходни за подобрување на водоводната инфраструктура и стабилноста на снабдувањето во погодените делови од градот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран