УТРО.мк

Зголемен број на заболени деца во Тетово: 139 случаи за само 48 часа

Зголемен број на заболени деца во Тетово: 139 случаи за само 48 часа
Vero

Високите температури кои преовладуваат во последните денови го зголемија приливот на малите пациенти во Одделот за педијатрија при Клиничката болница во Тетово. Последните податоци покажуваат дека само во последните 48 часа е забележано значително зголемување на случаите, при што за десетици деца е побарана медицинска помош.

– Во Клиничката болница во Тетово, односно во Одделот за педијатрија, имавме 139 случаи во последните 48 часа. Од кои 12 деца се хоспитализирани, а другите се пуштени со домашна терапија, велат од Одделот за педијатрија Тетово.

Најчестите симптоми со кои се јавуваат малите пациенти се високата температура, повраќање и дијареја.

Специјалистот по педијатрија, д-р Иса Османи, објаснува дека овие симптоми се карактеристични за вирусните инфекции во летната сезона и се предизвикуваат од низа фактори од животната средина и хигиенски фактори.

– За оваа детска возраст, повеќето случаи се вирусни инфекции со сезонски карактер. Поради високите температури, начинот на кој се прави храната, употребата на адаптирано млеко — кое бара исклучително голема хигиена при подготовката — како и контактот меѓу болните деца и здравите деца, сето тоа влијае. Овие вирусни инфекции фактички се заразни и покажуваат одредени симптоми. Меѓутоа, не треба за секој случај веднаш да се оди во болница по една дијареја или повраќање. Мајката треба, на пример, да има електролити и да применува различни начини на хранење за да не дојде до дехидрација. Меѓутоа, нашите мајки често се плашат дека детето може да дехидрира, вели Иса Османи, педијатар.

Лекарите апелираат до родителите за зголемено внимание со хигиената на храната, доволна хидратација и избегнување на контактот на децата со погодените лица, за да се спречи понатамошното ширење на овие вирусни инфекции.

Извор: ТВ21

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin