УТРО.мк

Започна судењето за злоупотреби при изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Започна судењето за злоупотреби при изградбата на театарот и библиотеката во Тетово
Vero

По две одложувања, во Основниот суд во Тетово започна главната расправа за наводни злоупотреби при изградбата на новата зграда на театарот и библиотеката во градот.

На обвинителната клупа се најдоа Сејди Шашивари, сопственик и управител на правното лице „Урбан план констракшн“ од Тетово, самото правно лице, Хаки Фазлиу, тогашен директор на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, Артан Арслани, претседател на Комисијата за јавни набавки и потоа в. д. директор на Центарот за култура, како и Бајрам Муча, главен надзорен инженер во правното лице ангажирано како надзорен орган.

Според обвинителниот акт, Шашивари и правното лице се товарат за „Злоупотреби во постапката за јавни набавки“, Фазлиу и Арслани за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а Муча за „Несовесно работење“.

На прашањето на судијата Елведин Ферати дали го разбираат обвинителниот акт, сите обвинети се изјаснија потврдно, освен Шашивари, кој првин рече „немам поим“, а потоа изјави дека го разбрал, но дека обвинението не се однесува на него. На прашањето дали се чувствуваат виновни, сите се изјаснија дека не се виновни.

По читањето на листата докази подготвени од Обвинителството, судот ја прекина главната расправа заради повикување на вешти лица предложени од Обвинителството. Следното рочиште е закажано за 10 декември, а дополнителни за 30 декември и 20 јануари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран