УТРО.мк

ВИДЕО – Проданоски: Реконструкција на тротоарите и велосипедските патеки на „11-ти Октомври“ во Прилеп

ВИДЕО – Проданоски: Реконструкција на тротоарите и велосипедските патеки на „11-ти Октомври“ во Прилеп
Vero

Дејан Проданоски најави реализација на значаен инфраструктурен проект на улицата „11-ти Октомври“ во Прилеп, со кој ќе се изврши реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување.

Проектот се спроведува во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија“, кој е реализиран од Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска банка.

Според најавите, ќе се реконструира површина од околу 2.800 квадратни метри, во должина од 520 метри од двете страни на улицата. Изведувач на градежните работи е ГД „Гранит“ АД Скопје.

Со овој зафат, како што посочува Проданоски, се создаваат побезбедни услови за движење на пешаците и велосипедистите, подобра осветленост и поквалитетен урбан простор за граѓаните на Прилеп.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin