УТРО.мк

ВИДЕО – Проданоски: Пивофест е инвестиција во локалната економија и развојот на Прилеп

ВИДЕО – Проданоски: Пивофест е инвестиција во локалната економија и развојот на Прилеп
Vero

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека Прилеп е заеднички дом на сите граѓани и дека неговиот развој зависи од одговорноста и грижата што самите ја покажуваат кон градот.

Тој истакна дека инвестирањето во манифестации како „Пивофест“ има значајна улога во поттикнувањето на локалната економија, бидејќи привлекува туристи, ја зголемува посетеноста и придонесува за поголем промет кај локалните бизниси.

„Прилеп е наш заеднички дом и ако самите не си го почитуваме и чуваме градот, никој друг нема да го направи тоа за нас. Инвестирањето во манифестации како „Пивофест“ е важно за локалната економија. Наша цел е да донесеме туристи, да го раздвижиме бизнисот и луѓето да пазарат тука. Тоа се пари кои се враќаат во градот и го развиваат стопанството, а воедно нудиме и забава за сите“, истакна Проданоски.

Тој упати повик до граѓаните наместо секојдневни критики да се насочат кон заедничко создавање решенија и поддршка на иницијативите што придонесуваат за напредокот на Прилеп.

„Наместо да критикуваме секојдневно, ајде да се фокусираме на решенија и напредок за Прилеп“, порача градоначалникот.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin