УТРО.мк

Утре дел од Тетово и три тетовски села без струја поради планирани прекини

Утре дел од Тетово и три тетовски села без струја поради планирани прекини
Vero

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (19.03.2026) без електрична енергија ќе останат делови од Тетово, како и три тетовски села.

Според најавата, во Тетово прекинот ќе се одвива на улицата „Штипска“ во период од 09:00 до 14:00 часот.

Во истото време, од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и делови од селото Долно Палчиште, поточно објекти лоцирани на излезот кон селото Камењане.

Во селото Стримница, прекинот ќе започне во 09:30 и ќе трае до 14:00 часот, а без електрична енергија ќе биде дел од селото.

Исто така, од 09:30 до 14:00 часот без струја ќе биде и дел од селото Церово.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран