
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати новогодишна честитка до сограѓаните, посакувајќи им добро здравје, лична среќа, семејна благосостојба и успех во секојдневието. Тој изрази надеж дека 2026 година ќе биде година на нови можности, заедништво и напредок за сите жители на општината.



























