УТРО.мк

Првите бебиња во Битола за 2026 – Коњановски им посака среќа и бериќет

Првите бебиња во Битола за 2026 – Коњановски им посака среќа и бериќет
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претпладнево ја посети Клиничката болница во Битола, по повод првиот ден од Новата 2026 година, за да ги поздрави новородените бебиња и нивните мајки. Оваа година, болницата ја дочека првородената женска Бистра и машкото бебе Петар, чии мајки се битолчанки и прворотки.

„Битола доби два нови жители, две малечки души. Првото е женско Бистра, се надевам дека ќе ни ја избистри годината, ќе ни донесе радост и среќа, а второто е Петар. Им посакавме среќа, убавини во животот и уште многу дечиња“, рече Коњановски.

Пригодни подароци и финансиска помош им беа доделени од општината и приватни фирми. Двете бебиња се во добра здравствена состојба, со родилни маси од 3300 и 3460 грама, а директорката на болницата, Ненси Лозанче, истакна дека првороденото женско дете е знак на бериќет за целата година.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран