
Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа.
Градоначалникот Тони Тоневски истакна дека особено го радува интересот на учениците за тоа како функционира нивната општина, како се носат одлуките и како секој граѓанин може да придонесе за подобра заедница.
Според него, прашањата, идеите и размислувањата на децата ја покажуваат важноста од поттикнување на љубопитноста и желбата за учество уште од најрана возраст.
„Важно е да ги слушаме најмладите и да им дадеме простор да ги споделат своите идеи, бидејќи токму тие се иднината на Пробиштип“, порача Тоневски.
Тој им се заблагодари на учениците за посетата, позитивната енергија и пораките, охрабрувајќи ги да продолжат да прашуваат, да учат и да веруваат дека и нивните идеи можат да направат промена.























