
Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, денеска оствари топла посета кај мајката и првото бебе родено во Струга во 2026 година, соопштува порталот Ohrid1.com.
Малата Надја, со тежина од 4.210 грама, е во одлична здравствена состојба, а нејзината мајка, Милица, порачала дека ова е трето дете за нивното семејство, што ја прави радоста уште поголема.
Посетата на градоначалникот беше придружена со искрени честитки и најдобри желби за здравје, среќа и бериќетно детство за новороденчето, како и благодарност кон медицинскиот персонал на гинеколошко-акушерското одделение за нивната посветена грижа и професионализам.



























