УТРО.мк

Скриен накит тежок 1,7 килограми откриен при контрола на Блаце

Скриен накит тежок 1,7 килограми откриен при контрола на Блаце
Vero

Царински службеници на граничниот премин Блаце откриле 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил. Накитот, тежок вкупно 1,7 килограми, бил пронајден при контрола на возилото.

Според Царинската управа, прстените биле сокриени со намера да се избегне плаќањето на пропишаните царински давачки.

Накитот е запленет, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Откривањето на прекршокот било документирано со телесни камери.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран