УТРО.мк

Притисок врз Софија? Австрија, Чешка и Словачка против билатералните блокади за Македонија

Притисок врз Софија? Австрија, Чешка и Словачка против билатералните блокади за Македонија
Vero

Австрија, Чешка и Словачка доставиле заеднички неофицијален документ до Европската Унија, во кој спорот меѓу Бугарија и Македонија го посочуваат како пречка за пристапниот процес, пишува загрепски „Вечерњи лист“.

Трите земји од Славковскиот формат бараат билатералните прашања да се решаваат надвор од преговорите за членство. Истовремено, предлагаат постепено вклучување на земјите кандидати во европските програми уште пред нивното полноправно зачленување.

Иницијативата доаѓа паралелно со предлозите на Европската комисија за подготовка на Унијата за идното проширување. Меѓу нив е и поширока примена на одлучувањето со квалификувано мнозинство за одредени чекори во преговарачкиот процес, наместо досегашната едногласност.

За Македонија, ваквата промена би била значајна во контекст на можноста билатералните несогласувања да го блокираат напредувањето кон членство.

Сепак, нон-пејперот претставува дипломатска иницијатива, а предложените промени не значат дека правилата за одлучување веќе се изменети или дека пречките за македонскиот пристапен процес се отстранети.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран