УТРО.мк

Реката Зајашка се излеа кај Кичево – Екипите се на терен

Реката Зајашка се излеа кај Кичево – Екипите се на терен
Vero

Реката Зајашка денеска се излеа на улицата „Прилепска“ во Кичево, предизвикувајќи поплавување на дел од околниот простор и потенцијална закана за неколку објекти во близина.

Екипи на Јавното претпријатие „Комуналец“ веднаш интервенираа со градежна механизација, работат на извлекување на водата и на изградба на заштитни насипи со цел да се спречи натамошно ширење на излевањето и да се заштитат куќите и имотот на граѓаните.

Паралелно со ова, друга екипа на „Комуналец“ интервенира во населбата Иванидол, каде што се расчистува запушен канал кој дополнително го отежнувал одведувањето на водата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран