УТРО.мк

Продановски: Прилеп станува дигитален град со бесплатен Wi-Fi и нов Центар за услуги

Продановски: Прилеп станува дигитален град со бесплатен Wi-Fi и нов Центар за услуги
Vero

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Продановски, денес најави значајни дигитални промени во градот, со цел да се овозможи побрз и полесен пристап до современи услуги за сите граѓани.

Заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, Продановски ја промовираше новата бесплатна Wi-Fi зона на градскиот плоштад, како и новиот Центар за услуги (ЕТУ Прилеп), кој ќе овозможи поедноставни и поефикасни административни постапки.

„Прилеп чекори кон иднината. Со паметни решенија и модерни услуги, создадаваме град што одговара на потребите на граѓаните и станува дел од дигиталната мапа на модерна Македонија,“ изјави Продановски.

Тој нагласи дека ова е само почеток на трансформацијата, со цел Прилеп да се развие како паметен град кој нуди лесен и современ живот за сите жители.

Видеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран