УТРО.мк

Проданоски: Оддадовме почит на жртвите од Првата светска војна, мирот е заедничка одговорност

Проданоски: Оддадовме почит на жртвите од Првата светска војна, мирот е заедничка одговорност
Vero

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра Дрекслер и францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер.

Проданоски истакна дека примирјето од 1918 година означило крај на еден од најразорните конфликти во историјата, а сеќавањето на жртвите ја нагласува потребата од соработка, почит и разбирање меѓу народите.

„Овој ден е потсетник на трагичните последици од војната, но и на важноста на мирот, солидарноста и европските вредности“, порача градоначалникот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран