УТРО.мк

Проданоски: Нашите ученици се најголемата гордост и доказ дека иднината на Прилеп е сигурна

Проданоски: Нашите ученици се најголемата гордост и доказ дека иднината на Прилеп е сигурна
Vero

Градоначалникот на Прилеп, Проданоски, истакна дека младите и нивните успеси се најсилната потврда за квалитетот, трудот и посветеноста во образованието.

„Нашите ученици се нашата најголема гордост и најсилна потврда дека знаењето, трудот и посветеноста секогаш носат резултати“, порача Проданоски на свеченоста што се одржа вечерва во Прилеп.

Во паркот на Могилата, со почеток во 19:00 часот, се одржа настан на кој беа доделени признанија на наградените ученици од државни и меѓународни натпревари, како и на првенците на генерациите, кои со своите резултати достојно го претставуваат градот.

Настанот беше збогатен со музичко-забавна програма, а целта беше да се оддаде признание за трудот, знаењето и посветеноста на младите.

Проданоски порача дека тие се вистински амбасадори на знаењето и инспирација за новите генерации, нагласувајќи дека иднината на Прилеп е во сигурни раце.

„Да продолжиме заедно да ги поддржуваме младите и нивниот пат кон успехот, затоа што нивниот успех е наша заедничка гордост и гордост на целиот Прилеп“, додаде тој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin