УТРО.мк

Проданоски: Карпалак никогаш нема да биде заборавен

Проданоски: Карпалак никогаш нема да биде заборавен
Vero

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, при што животите ги загубија десет прилепски бранители.

Проданоски истакна дека нивната жртва останува длабоко врежана во колективната меморија на Прилеп и Македонија и порача дека тие никогаш не смеат да бидат заборавени.

„Пред четврт век, десетмина наши прилепски бранители ги положија своите животи бранејќи ја татковината. Нивната жртва нè обврзува никогаш да не ги заборавиме“, порача Проданоски.

Во рамки на одбележувањето, денеска во 18 часот ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, а во 19 часот ќе следи положување цвеќе пред спомен-обележјето во село Лениште, посета на манастирот „Св. Петка“ и вечерна богослужба.

На 8 август, во 6 часот, е предвидено поаѓање кон Карпалак, по што во 7:30 часот ќе биде положено цвеќе на гробовите на загинатите бранители. Во 10 часот ќе се одржи панихида во црквата „Св. Петка“ во населбата Точила, додека централното одбележување ќе се одржи во 13 часот пред спомен-комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

„Да се поклониме пред нивната храброст, достоинствено да ја чуваме нивната жртва и заедно да испратиме порака дека Карпалак никогаш нема да биде заборавен“, порача прилепскиот градоначалник.

Вечна им слава на загинатите бранители.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin