
Пожар избувна во селото Церово, во Општина Желино, а состојбата на теренот се следи одблизу од страна на надлежните служби.
На терен моментално се наоѓа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, заедно со командантот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети.
Екипите на ТППЕ Тетово се со максимален ангажман и работат на локализирање на пожарот, како и на спречување на неговото понатамошно ширење.
Од ЦУК информираат дека пожарникарите активно работат на терен со цел огнената стихија што поскоро да биде ставена под контрола.
Воедно, Центарот за управување со кризи упатува апел до граѓаните да бидат особено внимателни и совесни при движење и престој на отворен простор, имајќи предвид дека високите температури и сувата вегетација го зголемуваат ризикот од избувнување и ширење на пожари.

















