УТРО.мк

Почина д-р Васко Мицевски – ВМРО-ДПМНЕ Ресен се прости од поранешниот пратеник и истакнат лекар

Почина д-р Васко Мицевски – ВМРО-ДПМНЕ Ресен се прости од поранешниот пратеник и истакнат лекар
Vero

ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Ресен соопшти дека со голема тага ја примиле веста за смртта на д-р Васко Мицевски, истакнат лекар, специјалист по интерна медицина, поранешен пратеник и долгогодишен општествено-политички активист.

Во објавеното соопштение се наведува дека д-р Мицевски целиот свој живот го посветил на грижата за здравјето на граѓаните, а како поранешен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија оставил значаен белег во јавниот и политичкиот живот.

Од партијата истакнуваат дека неговата човечност, професионалност и искрен однос кон луѓето ќе останат трајно запаметени од сите што имале можност да го познаваат и да соработуваат со него.

„Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и пријателите. Нека почива во мир, а неговиот спомен нека биде вечен“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Ресен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin