УТРО.мк

Кривична за поранешен директор – МВР со детали

Кривична за поранешен директор – МВР со детали
Vero

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ.
С.С. како службено лице – директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin