УТРО.мк

Обезбедени средства за два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство

Обезбедени средства за два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство
Vero

14 јули 2026, Скопје – Повеќе средства се обезбедуваат за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство.


Преку прифаќање на амандман во рамки на матичната Комисија за финансирање и буџет во собраниската расправа со Ребалансот на Буџетот се обезбедуваат 2 милиони денари во рамки на Потпрограмата за родова еднаквост и недисриминација во Министерството за социјална политика, демографија и млади.


Претходно во Собранието беа усвоени уште 2 амандмани со кои се обезбедија средства за за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и за финансирање национална СОС линија за поддршка на жртви на родово и семејно насилство.


Во Собранието во тек е амандманска распорава по Предлог ребалснсот на Буџетот за 2026 година. По завршување на расправата во рамки на матичната комисија дополнетиот предлог усвоен од Владата ќе се разгледува на пленарна седница на Собранието

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin