
Општина Битола го најави одржувањето на третиот буџетски форум, на кој граѓаните ќе имаат можност да учествуваат со свои идеи, предлози и иницијативи во процесот на креирање на општинскиот буџет за 2027 година.
Форумот ќе се одржи в четврток, на 19 ноември 2026 година, со почеток во 12:00 часот, во Офицерскиот дом во Битола.
Од локалната самоуправа посочуваат дека по големиот интерес за првите два буџетски форума, очекуваат активно учество на граѓаните и на третиот собир.
Целта на форумот е да се слушнат потребите и приоритетите на жителите, како и нивните предлози за проекти и активности што би можеле да бидат опфатени со буџетот за следната година.
Општина Битола ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и со своите предлози да придонесат во создавањето буџет кој ќе ги одразува потребите на локалната заедница.























