
Утре на едно место ќе се соберат 15 локални организации од Битола, секоја со своја приказна, мисија и активност за вклучување.
Ова претставување ќе биде можност да ги запознаете локалните организации во Битола, да ги откриете новите можности за волонтирање и учество и да го пронајдеш твоето место во заедницата.
„Од работа со млади, култура и образование, до животна средина и социјални иницијативи – Битола се поврзува ти дава шанса подобро да ги запознаеш организациите што секојдневно придонесуваат за заедницата“ велат организаторите на настанот Младински центар Битола и Општина Битола.
Настанот ќе се одржи во Офицерскиот дом, утре 26-ти септември од 11:00 до 18:30 часот.















