УТРО.мк

Од Саат Маало до Пршовце: Распоред на прекините на струја за 27 ноември

Од Саат Маало до Пршовце: Распоред на прекините на струја за 27 ноември
Vero

Утре, петок, 27 ноември 2026 година, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во Тетово и околината. Најдолгиот прекин е предвиден за објектот на бензинската пумпа „Нептун“ во Жеровјане, од 08:30 до 15:00 часот.

Од 09:00 до 14:00 часот, во Тетово без струја ќе бидат објектите на дел од улицата „Видое Смилевски Бато“ зад ресторанот „Осло“ и дел од корисниците на улицата „Борис Кидрич“ спроти пицеријата „Брумарте“. Во истиот термин прекини се планирани и во дел од Одри и во Македонско Маало во Непроштено.

Од 09:00 до 12:45 часот, струја ќе нема во дел од објектите во Саат Маало во Тетово.

Од 09:10 до 10:15 часот, прекинот ќе ги опфати селата Пирок и Жеровјане, индустриските објекти покрај автопатот, како и индустриските објекти во Градец и Неготино.

Од 09:45 до 13:45 часот, без струја ќе остане дел од Пршовце кај маркетот „Киппер“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран