УТРО.мк

Нова сообраќајна студија за Битола: Се планираат кружни текови и катна гаража

Нова сообраќајна студија за Битола: Се планираат кружни текови и катна гаража
Vero

На првиот брифинг со новинарите кој го одржа градоначалникот на Битола Тони Коњановски, меѓу другото информираше и за новата сообраќајна студија која се подготвува и е во завршна фаза, а која е паралелен процес со изработката која е во тек на новиот Генерален урбанистички план.

Студијата се очекува деновиве да биде доставена во Општина Битола, а меѓу другото таа предвидува и нови кружни текови во Општина Битола.

Исто така градоначалникот на Битола информираше и за тоа дека Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг во координација со Одделението за спроведување на урбанистички планови прави анализа за потенцијална изградба на катна гаража во Битола.

Градоначалникот на Битола еднаш до два пати месечно на брифинзи ќе ги информира новинарите за акуелните работи и идните планови.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран