Во пресрет на локалните избори на 19 октомври, Марјан Ристески, заменик министер за економија и поранешен градоначалник на Прилеп, ја изрази својата поддршка за кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски.
Ристески ги повика граѓаните да го изберат Проданоски и да ја поддржат советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, нагласувајќи дека бројот 9 на гласачкото ливче значи двојна победа во првиот круг.
„Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, порача Ристески, истакнувајќи дека поддршката за Проданоски е за доброто на граѓаните и развојот на Прилеп.