На 15.07.2025 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ж.Д.(42) од Куманово, поради сомнение дека на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово се обидел да предизвика пожар во спортска обложувалница. Ж.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.