
Непознат сторител извршил кражба на оружје од ЈП „Паркови и зеленило“, откако со употреба на алат провалил во бараките лоцирани во скопската општина Карпош, информираат надлежните служби.
Според пријавата до Министерството за внатрешни работи, кражбата се случила во периодот од 2 до 5 јануари 2026 година. Сторителот насилно влегол во објектите и одзел оружје кое било во сопственост на јавното претпријатие.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за пронаоѓање на сторителот и украденото оружје. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за видот и количината на украденото оружје.



























