УТРО.мк

Коњановски: Првите 12 километри од автопатот Прилеп–Битола најавени за 2027 година

Коњановски: Првите 12 километри од автопатот Прилеп–Битола најавени за 2027 година
Vero

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено на работната средба на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, со претставници на „Бехтел и Енка“.

На состанокот присуствувале претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, и помошник-раководителот на Секторот за економски развој на Општина Битола, Венцо Шишкин.

За динамиката на изградбата информирале новиот проектен менаџер Ашвин Рао, заменик-раководителот Џанберк Атилла и менаџерот за одржливост Винсент Нугареде.

Според презентираниот план, во 2027 година ќе се работи и на делницата пред Битола. Последен е предвидено да биде ставен во функција делот кон Прилеп, каде што претходно треба да се решат прашања поврзани со експропријацијата и дислоцирањето на постојната инфраструктура.

На средбата било најавено и организирање саеми за вработување во Битола и Прилеп, наменети за ангажирање работници за потребите на проектот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран