УТРО.мк

Коњановски: По невремето сите служби се на терен, се санираат оштетувањата во Битола

Коњановски: По невремето сите служби се на терен, се санираат оштетувањата во Битола
Vero

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен за санирање на последиците од обилните врнежи.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информира дека интензивниот дожд кој паѓал во периодот од 22:00 до 01:00 часот предизвикал оштетувања на коловозите во делови од населбите Баир и Бадембалари, како и на улиците „Дебарска“, „Бихач“ и „Караорман“.

Дел од оперативните екипи работат и на потегот Кравари – Бистрица, каде што се преземаат мерки за нормализирање на состојбата и отстранување на последиците од невремето.

„Заедно со директорите сум на терен со цел координирање на активностите и побрзо санирање на состојбите“, изјави Коњановски.

Од Општина Битола посочуваат дека сите расположливи ресурси се ставени во функција за надминување на проблемите предизвикани од невремето и враќање на нормалното функционирање во погодените подрачја.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin