
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи.
Според раскажувањето на Николовски, драмата започнала откако слушнал повик за помош од морето. Без двоумење влегол во водата и успеал да ги извлече жената, детето и таткото, кои се бореле со силните бранови.
Коњановски му честитал на младиот битолчанец за храбриот чин и за покажаната пожртвуваност, при што му посакал успех во понатамошното образование.
„Битола е горда со младиот спасител“, порача Коњановски, истакнувајќи дека приказната за храбриот потег на Николовски го привлече вниманието и го обиколи Балканот.
Младиот битолчанец со својот чин покажа храброст и присебност во ситуација во која биле загрозени животите на три лица.

















