
Екипите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Битола започнаа теренска акција за кастрење на дрвјата долж поголемите сообраќајници во градот, со цел подобрување на безбедноста и уредноста на јавниот простор.

Паралелно со кастрењето се врши и чистење на коловозите и тротоарите од лисја, гранки и отпад, што значително придонесува за подобра прегледност во сообраќајот и почиста животна средина.
Акцијата опфаќа повеќе локации низ Битола, каде со специјализирана механизација и висински платформи се отстрануваат дотраени и ризични гранки, со што се намалува опасноста од паѓање и оштетување на возила, пешаци и урбана инфраструктура.

Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните за разбирање и трпение додека траат работите, бидејќи на одредени делници може привремено да има отежнат сообраќај, но нагласуваат дека мерките се неопходни за поголема безбедност и уреден изглед на градот.



























