
Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес оствари работен состанок со претседателите на месните заедници чиј мандат е истечен. На состанокот се дискутираше за отпочнување на постапката за избор на нови претседатели и раководства на месните заедници, согласно донесената Одлука од Советот на Општина Пробиштип.
Тоневски истакна дека целта е месните заедници и граѓаните да бидат активни партнери во креирањето на локалните политики. „Заедно ќе ги утврдуваме приоритетите и проектите кои се најважни за заедницата“, нагласи градоначалникот.
Тој додаде дека само преку заедничка работа, отворен дијалог и вклученост на граѓаните може да се развива и унапредува општината.























