УТРО.мк

ЈКП „Водовод“ – Битола: Отстранет дефектот, водоснабдувањето во градот се враќа во нормала

ЈКП „Водовод“ – Битола: Отстранет дефектот, водоснабдувањето во градот се враќа во нормала
Vero

Дефектот во водоснабдителниот систем во Битола е успешно отстранет, информираат од ЈКП „Водовод“ – Битола.

Оттаму посочуваат дека дефектот бил предизвикан од струен удар, по што со заедничка интервенција и координација со надлежните институции, проблемот бил брзо локализиран и отстранет.

Со завршувањето на интервенцијата, целокупното водоснабдување е вратено во нормала. Од претпријатието информираат дека во повисоките делови на градот притисокот постепено ќе се стабилизира и ќе се врати на стандардните вредности.

Во текот на интервенцијата биле преземени соодветни мерки за зачувување на квалитетот и безбедноста на водата.

Од ЈКП „Водовод“ – Битола уверуваат дека водата е безбедна за користење и им се заблагодаруваат на граѓаните за трпението, разбирањето и соработката.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin