
Денес, Општинскиот совет гласаше за важна одлука за нашите граѓани!
Јавниот превоз станува БЕСПЛАТЕН за сите оние кои ги имаат подмирено своите обврски кон Општината.
Од оваа одлука ќе имаат корист и учениците од основните и од средните училишта, како и сите здруженија и институции кои ќе потпишат меморандум за соработка со Општина Тетово.



























